Македонија

Скопје повторно на врвот на листите за загаденост: Европски трет, светски 23-ти

Скопје повторно на врвот на листите за загаденост: Европски трет, светски 23-ти

Според најновите податоци на платформата „Ај кју аир“, Скопје е рангирано на 23-то место по аерозагаденост на светско ниво. Во Европа, главниот град на Македонија е трет најзагаден, веднаш по Сараево, кое се наоѓа на 11-то место, и Приштина, која е рангирана на 20-то место.

Нивото на штетните ПМ честитки измерени во 11:30 часот, изнесува 121 единици поради што не се препорачува излегување надвор на хронично болните и децата.

Пред два дена Скопје беше најзагаден град во светот, кога, според платформата „Ај кју аир“ во главниот град беа забележани 263 единици штетни честички.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни