На 26. јули 1963 година Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Рано наутро со интензитет од 6.1 степен според Рихтеровата скала, кој траел 20 секунди, предизвикал да има човечки жртви и голема материјална штета.
Во земјотресот загинаа 1.000 лица, а 3.000 се повредени.
Вестите за земјотресот брзо се шират, Скопје станува главна тема во Светот. Градот добива помош и донации, набрзо станува симбол на солидарноста и местото каде што за прв пат повторно се среќаваат американските и советските војници.
Утредента тогашниот претседател Јосип Броз – Тито го посетил градот, и го најавува почетокот на процесот на реконструкција.
Премиерот Зоран Заев на својот „Твитер“ профил се потсети на катастрофалниот земјотрес.
„Пред 56 години големиот часовник на Старата железничка станица во Скопје замрзна. Остана да сведочи дека 20 секунди беа доволни да запре животот на градот. Кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата. Скопје се сеќава!“, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер“ по повод 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.