Македонија

Скопје Север грее на мазут, дозвола дал Град Скопје, Министерството за животна средина ќе бара објаснување

Скопје Север грее на мазут, дозвола дал Град Скопје, Министерството за животна средина ќе бара објаснување

Топлана „Скопје Север“ поради немање на финансии од вчера за загревање комбинирано користи гас и мазут, јавува Телма телевизија.

Првиот човек на топланата Куштрим Рамадани за Телма истакна дека компанијата до петок ќе ги направи сите мерења на штетни честички од согорувањето на мазутот.

Од Скопје Север за телевизијата истакнале дека за овој потег дека имаат еколошка дозвола издадена од Град Скопје.

Истата, како што велат, ги обврзува да прават и мерења, но и не ги преминат границите на емисиите во воздухот кои се пропишани во дозволата, како и да достават спецификација за квалитетот и количините од горивото.

Преттпријатието кога ќе премине на алтернативно гориво мора да го извести и Градот, но засега од таму нема одговор дали топланата го направила тоа пред да почне да користи мазут.

Од Министерството за животна средина, иако во овој случај не се надлежни велат дека ќе ќе разгледаат врз основа на што е издадена дозволата.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, по новинарско прашање, истакна дека ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите за што има надлежни институции.

„Во Законот е предвидено дека треба да има алтернативно гориво за производство на топлинска енергија, а тоа може да биде  мазут или дизел, но кога ќе се користи тоа секако дека треба да се запазат процедурите во државава и согласно со лиценцата да се стават во функција ако е потребно. За нас е приоритет да не се доведеме во таква ситуација да треба да користиме алтернативно гориво за Исток и за Запад, со кои ние менаџираме како држава преку ЕСМ. Во делот на Скопје Север има Инспекторат за животна средина ако во случај работи со мазут или со дизел освен природен гас да ги проверат нивните лиценци и процедурите како ги ставиле овие енергенси во функција“, рече Бекшети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни