Најголемата хемиска фабрика во светот во Лудвигсхафен, во која се вработени речиси 40.000 луѓе, ќе биде принудена да се затвори доколку се преполови снабдувањето со гас, изјави претседателот на хемискиот синдикат, Михаел Василијадис.
Германските медиуми истакнуваат дека хемиската индустрија не може да функционира без нафта и гас, а без тој сектор економијата ќе запре, бидејќи луѓето во секојдневниот живот се потпираат на неа.
Сопственик на фабриката е концернот БАСФ.