Американската актерка Кејт Босворт на својот Инстаграм профил објави дека се разведува од својот сопруг, резисерот Мајк Полиш.
Тие беа осум години во брак.
„Заедно, изминативе 10 години, Мајкл и јас избиравме љубов секојпат. Денес се држиме за раце како што правевме на нашата венчавка. Нашите очи гледаат подлабоко еден во друг, но сега со повеќе храброст. Се разделуваме и си ветуваме дека нашата љубов никогаш нема да заврши. Нашата најголема чест беше да ја доживееме оваа љубов и ќе продолжиме да ѝ се восхитуваме на убавината на еволуцијата на љубовта. Она што се случува кога ќе стигнеме до крајот на ова нешто и ќе сфатиме – ние само, сме на еден друг почеток”, напиша таа.
По оваа емотивна порака, следбениците започнаа да и испраќаат поддршка на двојката.
Инаку, тие се запознаа во 2011 година, на снимањето на драмата „Биг Сур“ што тој ја режираше.
