Претежно облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. T=21°C. P=980hPa. U=70%. V=3m/s.
Се вчитува...
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во понеделник и вторник ќе дува засилен до силен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.
