Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=27°C. P=980hPa. U=28%. V=4m/s.
Од вторник до крајот на седмицата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање.
