Македонија

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

Следуваат нови врнежи од дожд и снег – од понеделник дневната температура во пораст

Облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни ( до 20л/м2). Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и во текот на ноќта засилен северен ветер. T=8°C. P=954hPa. U=90%. V=5m/s.

Утре ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во источните делови и во Пелагонија (над 60км/ч). Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни