Слетувањето со луѓе на Месечината одложено – еве поради што

Неизводливо е испраќањето на американски астронаути на Месечината до 2024 година поради значителни одложувања во развојот на вселенските костими, посочи генералниот инспектор на НАСА, Пол К. Мартин, во новиот извештај.

Иако НАСА досега потрошила повеќе од милијарда долари за вселенските костими од „следната генерација“, Пол заклучува дека „костимите нема да бидат подготвени за летање најрано до април 2025 година“ и дека се „години далеку од готови“.

Целта за слетување на првата жена и следниот маж на Месечината првично беше поставена од Администрацијата на Трамп за 2028 година, потоа тоа се премести за ноември 2024 година, а администрацијата на Бајден го одобри.

Во извештајот се препишува одложувањето на недостатокот на средства, влијанијата на ковид-19 и техничките предизвици. Во

Во моментов има 27 различни компании кои обезбедуваат различни компоненти за костими, па Илон Маск од „Спејс-Икс“ на Твитер напиша дека овој потфат изгледа „како да има многу готвачи во кујната“, додавајќи дека неговата компанија „може да го стори тоа доколку е потребно“.

Инаку, од НАСА ја развиваат таа технологија веќе 14 години.