Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, кој настапува во тимот на Далас во НБА лигата, ќе ги плати сите трошоци околу погребот на жртвите во трагедијата во Белград.
„Поради трагедијата и изгубените дечји и невини животи, моето срце е скршено. Моите мисли се со семејствата на жртвите и со целата нација. Мојата фондација ќе пружи секаква поддршка за сите семејства, ученици и наставници на основното училиште Владислав Рибникар. Преку фондацијата барам начин како да им помогнем на учениците и семејствата. Посветен сум и ќе продолжам да ги делам вестите и начините на поддршка за деталите да останат достапни“, вели во објавата Дончиќ.