Свет

Словенија со рекорден број слободни работни места

Словенија со рекорден број слободни работни места

Во Словенија во вториот квартал од годината беа објавени близу 25.900 слободни работни места. Ова е највисока бројка откако националниот завод за статистика почна да ги објавува овие статистики во 2008 година, објави веб-страницата „Словенија тајмс“, пренесе БТА.

Најголем дел од слободните работни места беа во угостителството.

Слободните работни места во вториот квартал се зголемени за 6 отсто во однос на првиот квартал и за четвртина или речиси 5.100 слободни работни места, во однос на вториот квартал минатата година.

Побарувачката за вработени во периодот на преглед беше посилна во сите сектори освен рударството, производството и недвижностите.

Сепак, најсилна побарувачка имало во хотелиерството, каде во вториот квартал имало 1.100 повеќе слободни позиции отколку во истиот период лани.

Стапката на слободни работни места во вториот квартал во однос на првиот квартал од годинава е највисока и во угостителството и изнесува 8,3%, што е за 1,5 процентни поени повеќе.

Во меѓувреме, бројот на работни места во сите сектори е за 19.300 поголем од година во година, според словенечкиот завод за статистика, кој постојано расте од вториот квартал на 2014 година, освен вториот квартал од 2020 година, кога изби епидемијата на Ковид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни