Свет

Сменетиот руски министер Роман Старовоит пронајден мртов

Сменетиот руски министер Роман Старовоит пронајден мртов

Отворена е истрага за утврдување на околностите за смртта на поранешниот руски министер за транспорт Роман Старовоит, кој беше пронајден мртов утрово, изјави претставничката на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.

„Денес, телото на поранешниот министер за транспорт на Руската Федерација, Роман Владимирович Старовоит, беше пронајдено во градскиот округ Одинцово со прострелна рана во неговиот личен автомобил“, според Телеграм каналот на Истражниот комитет, пренесува Известија.

Според неофицијални извори, засега се смета дека причина за смртта на поранешниот министер е самоубиство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни