Магазин Стил

„Смртоносните панталони“ на Zara: Вирален моден хит поради кој луѓето паѓаат и се здобиваат со сериозни повреди

„Смртоносните панталони“ на Zara: Вирален моден хит поради кој луѓето паѓаат и се здобиваат со сериозни повреди

Модниот тренд кој во последните денови ги освои социјалните мрежи предизвика бројни реакции поради необичен проблем – луѓе тврдат дека широките панталони од „Зара“ ги доведуваат до паѓања и повреди.

@morgibxi be safe out there, these zara pants are a trip hazard #zarapants #zarattrousersdangerous #zarapantsfalling ♬ original sound – Tyra

На интернет се појавија голем број снимки од корисници кои покажуваат како се сопнале додека ги носеле овие панталони, а некои тврдат дека поради нив завршиле со гребаници, модринки или посериозни повреди.

Една од нив е Камила Рибера Рока од Боливија, која објавила видео на кое се гледа како паѓа на тротоар додека носи вакви панталони. По падот ја покажала повредата на раката, а снимката ја прегледале повеќе од еден милион луѓе.

@jessicapearce_ please because these Zara trousers are hazardous ! #zara #hazard #zaratrousers #zaratriphazard ♬ Saxophones getting louder – Sped Up – AntonioVivald

Слично искуство споделила и Елин Коста од Канада, која за „CBC News“ раскажала дека по падот го скршила зглобот и се повредила во пределот на лицето.

Уште една корисничка, Моргана, објавила видео кое привлече големо внимание. Таа навела дека освен повредата на коленото, при падот ѝ бил оштетен и телефонот. Нејзината снимка била прегледана повеќе од 2,3 милиони пати.

Во еден случај кој привлече големо внимание во јавноста, на жена долниот дел од панталоните ѝ се закачил за запците на подвижните скали, поради што материјалот се повлекол нагоре сè до бутовите.

Поради бројните слични објави на социјалните мрежи, широките „Zara palazzo“ панталони добија прекари како „панталони на смртта“ и „опасни панталони“.

Модните експерти објаснуваат дека проблемот може да се појави поради големата количина материјал. Широката ткаенина може да се заврти околу нозете, глуждовите или стапалата, што ја зголемува можноста за сопнување.

Модната стилистка Клер Чемберс за британски „Metro“ изјавила дека кај ваквите кроеви ризикот е поголем.

„Колку е поширока ногавицата, толку е поголема веројатноста да се закачи и да се завитка околу спротивната нога или стапало, поради што лицето може да изгуби рамнотежа и да падне“, објаснила таа.

Од компанијата „Зара“ засега не се огласиле во врска со бројните објави и прашања од медиумите.

На социјалните мрежи корисниците споделуваат различни совети како да се намали ризикот од паѓање. Некои препорачуваат ногавиците да се прицврстат со ластици околу глуждовите, додека други советуваат носење чевли со повисока потпетица за да се спречи влечење на материјалот по земја.

Сепак, експертите потсетуваат дека секој моден избор носи одредени предизвици, а широките кроеви бараат дополнително внимание при одењето.

Додека едни повикуваат на враќање на тесните фармерки, други сметаат дека проблемот е само во начинот на носење, па на шега велат дека кај овие панталони треба да се внимава „модното излегување да не заврши со пад“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни