Тенок слој на снег го покри и градот Скопје. Меѓутоа општинските власти излегоа на терен за да ги исчистат улиците. Од Град Скопје велат дека ја следат ситуацијата и интервенираат по потреба.
„Град Скопје, за ова зимска сезона обезбеди 4 илјади тони сол, што заедно со останатата количина од изминатата сезона, изнесува вкупно 4 500 тони сол, и 300 тони ладен асфалт. Носител на активностите за зимско одржување на патиштата ќе биде ЈП „Улици и Патишта„ со целата механизација и кадровскиот потенцијал. И ова сезона, Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони кои се опремени со навигациони уреди и возачи кои ќе ги опслужувааат перманентно во текот на целата сезона“, велат од град Скопје.
Најниската температура од 21 степен под нулата денеска е измерена во Битола. Најстудено време се очекува во вторник велат синоптичарите.
Од АМСМ велат дека сите патишта се проодни, но со влажни коловози. Врнежи од снег во последните 24 часа имаше во Струмица, Демир Капија, Дојран, Куманово и Виница, а највисока снежна покривка има на Маврово која изнесува 65 сантиметри.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ
