Снимањето на емисијата „Еден добар ден“ на РТС беше прекинато откако камерманот доживеа срцев удар.
Како што пишува „Блиц“, на еден од водителите му се слошило за време на снимањето на програма во живо на РТС и емисијата веднаш била прекината.
Екипата на итната помош набрзо излегла на терен и на камерманот му пружила прва помош, а мажот по реанимација бил пренесен во Ургентниот центар.
Како што се наведува понатаму, таму му била укажана дополнителна медицинска нега, а подетални информации за неговата здравствена состојба засега нема.