Со 153 пратеници изгласан договорот од Преспа во грчкиот Парламент!

Договорот помеѓу Македонија и Грција, а склучен во Преспа минатата година попладнево беше усвоен во Парламентот на Грција со 153 гласови ЗА. 146 пратеници беа против на денешното гласање, а еден воздржан. Првото „ЗА“ го даде премиерот Алексис Ципрас.

Претходеа три дена на моменти и жестока расправа во грчкиот Парламент. На плоштадот се случуваа протести на граѓани кои беа против. Исто така и за денеска се најавени нови протести во Атина и во други грчки градови.

Наскоро повеќе детали…

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното