Македонија

Со -22 утрово најладно во Битола, ова се температурите во другите градови

Битола утрово се разбуди со најниска температура од -22 степени, информираа од УХМР.

После него следуваа Скопје (Петровец) со -17, во Берово беа измерени -16, додека во Крива Паланка -15.

Што се однесува до снежната покривка, таа е најголема на Попова Шапка (51 сантиметар), додека во Маврово има 35, во Крушево 30 сантиметри.

Времето денеска ќе биде студено со мала до умерена облачност и со слаб ветер. Дневните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни