Екс македонскиот премиерот Никола Груевски се појави на насловната страница на најновото неделно политичко издание „ХВГ“. Груевски е монтиран со маичка на која пишува „Ја сакам Унгарија“ и на која има одврзани лисици, алудирајќи на тоа дека да не беше во Унгарија, сега ќе беше со лисици и во затвор во Шутка.
Со наслов „Зошто Орбан го крие македонскиот бегалец“, изданието уште еднаш се осврнува на азилот на Груевски кој го доби од унгарските власти во експресно време.
Се вчитува...
Македонија во меѓувреме побара екстрадиција на екс премиерот за да ја одлежи казната затвор од две години за случајот „Тенк“.
