Со овој трик нема да морате да бојадисувате дома секоја година – само измешајте три евтини состојки и ѕидот ќе блесне

Ако планирате да бојадисувате дома оваа година, кога ќе слушнете за овој трик, повторно ќе размислите. Една мајка на Тик Ток сподели трик за чистење ѕидови и воодушеви речиси девет милиони луѓе!

Ако имате деца во куќата, а особено оние на возраст под шест години кои сакаат да „чкртаат“ по ѕидовите, ќе бидете особено воодушевени, велат сите што го погледнале ова видео на социјалните мрежи.

Колку и да се грижите за хигиената на куќата, да ја исчистите и измиете, неизбежно е ѕидовите да се извалкаат. Сепак, постои многу едноставен начин да направите вашите ѕидови да блеснат, а вашиот дом да мириса на чисто. Се што ви е потребно го имате во својот дом.

Трикот што воодушеви многумина го сподели извесна Тања, која се претставува како „страсна љубителка на чистењето“.

„Еве еден трик што би сакале да го знаевте претходно“, вели таа во видеото.

Во малку поголем сад, таа измеша вода, сода бикарбона и голема количина средство за дезинфекција. Таа малку ги измеша состојките и го натопи ролерот за боја во течноста. Лесно го процедува, а потоа со него ги „брише“ ѕидовите. Ефектот е неверојатен и без чистење!

Инаку, сода бикарбона често се користи за чистење на разни површини низ куќата, бидејќи делува како благ абразив и ги избелува површините.

„Можев да плачам. Ги чистам ѕидовите со крпа од својата деветта година”, напишал еден корисник.