Македонија

Со помош на приватните компании, реновиран оперативниот дел на гинекологијата во Чаир

Дополнителни 420м2 доби гинеколошката болница „Мајка Тереза“ во Чаир. Пред да преземат конкретни мерки надлежните институции, односно општината Чаир и Министерството за здравство, реновирањето го овозможија двете приватни компании Алма М и Ефтиниа Темпо99. Освен дополнителниот простор, сега болницата има на располагање нова опрема и две операциони сали. Директорот на болницата, Башким Исмаили вели дека досега во болницата „Мајка Тереза“ имало над 4.100 породувања, благодарение на професионалната работа на вработените.

-Тука се вршат гинеколошки зафати и сега отворивме и нов оддел, односно Одделот за ендоскопија. Пред сѐ, досега тука сме имале 4,100 породувања. Во моментов зголемување на пациентките се должи на болничкиот кадар кој е посветен на својата работа. Голема помош ни даваат и донаторите и пријателите на болницата кои се грижат за условите – вели Исмаили.

Директорот на компанијата Алма М, освен за училиштата, годинава помош  понуди и на гинеколошката болница.

-До минатата година дониравме фондови низ училиштата, школувањето е многу важно, но разговарајќи со директорот на гинеколошката болница и вработените, одлучивме да инвестираме и тука. Идејата беше да му помогнеме на овој проект. Мотивот беше – ако градиме училишта, ќе градиме иднина, но да спасиме живот е најважното нешто. Поради тоа одлучивме да го финансираме проектот – рече Мухарем Муртезани.

Гинеколошката болница – Чаир, секоја година бележи раст на породувања од околу 10%. Уште  од 2014 година, бројот на породувањата е зголемен за 40%. За реновирањето на овој оддел се потрошени над 6 милиони денари. Инаку, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Скопје, за првпат е пуштена во употреба во 1965 и функционира како можност за здравствена заштита во областа на гинекологија, акушерство и неонатологија.

Репортер: Африм Јонузи

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни