Балкан

Со торта и балон: Човек од БиХ на уличната дипка и го прослави третиот роденден!

Со торта и балон: Човек од БиХ на уличната дипка и го прослави третиот роденден!

Човек од Сараево реши да направи роденденска иронија, па со балон излезе и и го честиташе роденденот на дупката на улицата.

„Дупко, среќен роденден!“, објави Ахмед Косовац, претставникот на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.

Како што вели, го прославуваат третиот роденден на дупката кај ТЦ Грбавица.

„Граѓаните се обратија поединечно до општината и до градоначалникот, се обидоа и преку Советот на месната заедница, но сега, дупката е таму веќе три години. Можно е градоначалникот и службите да одлучиле да ги научат граѓаните како безбедно да поминат на спротивната лента со автомобили и да не го оштетат автомобилот, а возачите на скутери и мотори како да не паѓаат. Со оглед на тоа што санирањето на дупката не е во план, на крајот на септември побарав од општина Ново Сараево да го прослави роденденот на дупката. Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени“, напиша тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни