Македонија

Собрани близу 1500 евра за џамијата во Вржале – имамот вели потребни се 5000 илјади за целосна реконструкција

Пред две недели, новоизградената џамија во селото Вржале, Скопско, беше зафатена од пожар. Иако еден нејзин дел е изгорен, имамот верува дека со доброволна помош повторно ќе се изгради џамијата.

ТВ21 ја посети џамијата. За разлика од првиот пат, сега имамот не беше очаен. Тој пред камерата им се заблагодари на сите кои донирале според своите можности за повторно градење на џамијата.

„Има голема штета, ги молиме сите наши браќа по вера да помогнат доколку се во можност. Сите од оваа околина знаат за ова село и жителите и знаат дека не сме во можност. Но чекаме да излезе нешто од нашите браќа. Фала му на Бога до сега секогаш верниците помагале за изградба на џамиите“, изјави Рецеп Зендели – имам на џамијата во Вржале.

Градежните работи околу џамијата започнаа.

Имамот рече дека зборувал со мајсторите и дека 1500 евра не се доволни, бидејќи џамијата претрпела голема штета која треба да се санира.

„До сега, од тоа малку што носеа, собрани се околу илјада и нешто евра, и работниците започнаа со работа, но два или три дена немавме струја“, изјави Реџеп Зендели – имам на џамијата во Вржале.

Имамот вели дека по разговорите со мајсторите кои започнале со реконструкција на џамијата, констатирано е дека се потребни околу 5 илјади евра за целосно санирање на штетата. И жителите се надеваат на добрите луѓе да ја вратат џамијата во првобитната состојба.

Имамот вели дека од ИВЗ не дошле да ја видат џамијата, но ветиле дека ќе го сторат тоа.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни