Поврзи се

Македонија

Собранието го донесе Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој

Published

on

Со 52 гласа „за“, 17 „против“ и ниту еден воздржан, Собранието вечерва го донесе Закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за итно справување со Ковид-19.

-Текстот продолжува по рекламата-

Според предлагачот на законот, Министерството за финансии, заемот има за цел спречување, откривање и одговор на заканата од коронавирусот COVID-19, како и зајакнување на националните системи за подготвеност на јавното здравство во државата.

Вкупната вредност на проектот изнесува 90 милиони евра.

За пратениците од опозицијата, со овој заем земјата ќе се втурне во ново задолжување на товар на граѓаните и не е јасно за што точно ќе се потрошат парите.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова се задржа на делот од Проектот, со кој се предвидени средства за нови вработувања во здравството, но, според неа, младите лекари заминуваат во Германија, а Владата треба да размислува како да ги задржи оние кои веќе се вработени.

– Сте предвиделе средства за обука на медицински персонал. По осум месеци присуство на Ковид-19, јас мислам дека на медицинските лица не им треба обука, туку одмор и пред сè, мотивација и награда. Потребно им е некој во државата да почне да мисли на нив, рече Христова.

Нејзиниот сопартиец Игор Здравковски забележа дека ваков заем земале 100 држави, меѓу кои 38 африкански земји, поранешни советски републики, земји од централна Америка и голем дел од држави од југоисточна Азија.

– Се ставаме во куп со овие држави, а се стремиме кон ЕУ, не гледам која е нашата европска перспектива, рече Здарвсковски, кој додаде дека од регионот заем земале само Косово, Србија, Албанија и БиХ.

На забелешката на неколку пратеници од опозицијата дека не е јасно за што точно ќе се трошат парите и зошто се предвидени 10 милиони евра за Фондот за здравство, дали тоа е да се покрие дупката направена од претходниот негов директор, заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски објасни дека распределбата на парите ќе се прави од Единицата за имплементација, која ќе функционира во рамките на Министерството за труд и социјална политика.

Тој потенцира дека таа Единица ќе работи според принципите и системот на Светска банка, а потоа сето она што ќе се набави ќе подлежи на ревизија.

– Сите набавки кои ќе бидат направени на материјални добра, за градежни работи и друго ќе поминат низ процедурите на Светска банка, рече Ковачевски. 

.

Извор: ТВ21

Совет за етика во медиуми

Македонија

Марковски: Една маска која беше 2 денари, сега се продава за 60 денари

4NEWS.mk

Стоилковски: Издадена е наредба за мое присилно приведување

4NEWS.mk

Седум тела во пратка од Србија пронајдени на пристаниште во Парагвај

4NEWS.mk

Последната фотографија од Амди Бајрам

4NEWS.mk

Првичните анализи готови – Имало ли коронавирус во Македонија и пред 26 февруари?

Македонија

Марковски: Шведска со денови има 0 заразени – следна сезона нема да имаат проблеми, си ја зачуваа и економијата

Македонија

Носење маски на отворено е штетно?! – „Беспотребна паника, имаат дијареа и мислат дека е ковид-19“

Македонија

Спорот не е Делчев ниту јазикот, туку депортирањето на Евреите од Скопје – Бугарија бара Македонија да ја превземе вината за бркањето на Евреите

4NEWS.mk

Левица бара декларација за односите со Бугарија и укинување на мешовитата комисија

Македонија

Заев не гледа причина да поднесе оставка доколку има бугарско вето

Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО Николовски во Клик Плус: Ќе побарам оставка од Лидија Димова!

Македонија

Во градскиот парк во Кавадарци од денеска и официјално започна со работа регионален вински музеј

Музика и Филм

Уште една „ приказна“ за сите нас, Васил Гарванлиев ја промовираше новата песна

Музика и Филм

Со ангелски глас и песна во модерен ритам Сања Димова ќе ја освојува домашната сцена

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com