На денешната собраниска седница на дневен ред се ставени измените на кривичниот законик. Спорни се два члена, првиот, 275 од став 3, со кој се планира намалување на казната затвор од пет на четири години, вториот член 353 од став 1 во кој зборот „Некаква“ корист, ќе се замени со зборот „Имотна“ корист. Ваквата измена ќе овозможи намалување на казните на дел од обвинетите во случаите на СЈО кои се однесуваат на злоупотреба на службената должност и јавните набавки.
Елизабета Канческа Милеска која е дел од овие судски процеси за ТВ21 рече дека првпат слуша за подготвувањето на измените во Законот за кривична постапка. Нола Исмајлоска – Старова кажа дека овие измени не би требало да значат губење на случаите на СЈО, но не рецизираше дали ова ќе значи намалување на казните или застареност на кривични дела.
Доколку Собранието ги изгласа измените за Кривичниот закон кој е доставен до собраниските служби и е ставен на дневен ред на денешната седница, тогаш од кривично гонење ќе бидат ослободени поранешната министерка за култура, Канческа-Милеска која е обвинета во случајот Тендери за Скопје 2014, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески, Тони Јакимовски, Сашо Мијалков, Горан Грујовски, Небојша Стајковиќ.
