Македонија

Сочувство од премиерот Ковачевски по повод смртта на Илинка Митрева

Сочувство од премиерот Ковачевски по повод смртта на Илинка Митрева

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изрази сочувство по повод смртта на поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева.

– Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на една од најуспешните жени во македонската историја, Илинка Митревa. Искрено сочувство до нејзиното семејство, напиша премиерот на својот фејсбук-профил.

Делото и придонесот на Митрева во креирањето на македонската државност, нагласува премиерот Ковачевски, останува трајно богатство за државата и македонската дипломатија, но и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон земјата и кон граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни