Соединетите Американски Држави најавија дека ќе и достават на Украина современи противвоздушни ракетни системи

Соединетите Американски Држави ќе ја снабдуваат Украина со модерни противвоздушни ракетни системи со среден и долг дострел. Ова денеска на маргините на форумот Г-7 во Германија го потврди советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, цитиран од ДПА.

Претседателот Џо Бајден им рече на другите шест лидери и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кои се приклучија на форумот преку видео врска, дека Соединетите Држави имаат намера да и обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана, како и проектили и радарски системи за наведување.

Се вчитува...

Саливан рече дека ова оружје е „итно потребно“ за одбрана на Украинците од руската инвазија, а особено во врска со ракетниот напад врз Киев во неделата.