Софијанова во „ClickPlus“: Антителата кои се создаваат кај децата се помоќни од оние кај возрасните

Аспазија Софијанова вечерва беше во „Клик Плус“ на ТВ21 на тема коронавирус. Високите бројки во последните недели се должат на мутирање на вирусот, смета Софијанова.

Таа истакна дека антителата кај децата се помоќни отколку кај возрасните и дека поради тоа децата полесно се справуваат со вирусот.

„Еве малку да ги релаксирам родителите дека треба помалку да стравуваат за своите деца. Тоа е така и кај нас и во светот. Внатре антителата што ги создаваат децата се многу помоќни од антителата што се создаваат кај возрасните.“.

.

Извор: ТВ21