Денот нека започне со супер деликатес за кој треба само да измешате неколку состојки, да ги ставите во калапи за мафини и да испечете.
СОСТОЈКИ:
2 шолји брашно
1 шолја јогурт
½ шолји масло
3 јајца
1 прашок за пециво
сол
200 гр. фета
100 гр. шунка
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Се матат јајцата во сад со јогуртот и масло, се додава сол и просеано брашно, па се мати се убаво со жица.
Се рони сирењето и се додава, па се сече и шунката на ситни коцки и се става во смесата.
Се става смесата во калапи за мафини и се пече на загреана рерна на 200 степени 20 минути.
