Светот на финансиите е навикнат на брзи промени, но движењата на пазарот непосредно пред клучните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп продолжуваат да будат сериозни дилеми кај аналитичарите. Најновите анализи на фјучерсите на индексот S&P 500 – најголемиот пазар на капитал во светот – откриваат необични шеми кои сугерираат дека некои трговци можеби имале предност пред сите останати.
Енигмата на 15-те минути
Графиконите покажуваат јасна слика. Во моментот кога Доналд Трамп објавува статус на социјалните мрежи, цените на акциите нагло растат како резултат на зголемениот оптимизам кај инвеститорите. Заедно со цената, евидентен е и огромен скок во волуменот на тргување.

Сепак, она што ги зачудува експертите не е реакцијата по објавата, туку она што се случува претходно. Имено, точно 15 минути пред претседателот да го притисне копчето „објави“, на пазарот се појавуваат енормни трансакции. На пример, во 10:50 часот по британско време, е забележан исклучително голем обем на тргување кој изгледа како да доаѓа „од никаде“.

Милионски профити во неколку секунди
Овие „мистериозни“ тргувања не се мали суми. Станува збор за потенцијални профити од стотици милиони долари, износи кои го менуваат животот, остварени во само неколку моменти.
Прашањето кое останува отворено во финансиските кругови е едноставно, но застрашувачко: Дали овие трговци се само неверојатно среќни или некој однапред знаел што точно планира да каже претседателот?. Додека регулаторите ги истражуваат овие нетипични движења, јасно е дека информацијата на берзата вреди повеќе од злато.
Доколку сакате да ги разберете механизмите на пазарот на капитал и да донесувате информирани одлуки, можете да научите повеќе преку програмата за инвестирање на Prime Class.
Алтернативно, можете да започнете со основите на инвестирањето кои се детално објаснети во следното видео
