Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 18, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=9
Под влијание на топол бран од понеделник следува многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а во вторник и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени.
Од среда до петок, во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.
