Македонија

Сончево и студено – минималната температура од -12 до -4 степени

Наутро ведро и студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4, а максималната ќе достигне од 0 до 8 степени.

Во Скопје сончево и студено. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 4 степени.

До сабота ќе преовладува стабилно и суво време. Ведрото време ќе услови во следните денови утринските температури да бидат ниски, особено утре и во четврток кога на места ќе се спуштат и под минус 10 степени. Во петок и за време на викендот по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, претежно во западните делови. Од недела попладне ќе има повремени врнежи од дожд.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни