Македонија

Сончево претпладне, попладне услови за невреме во делови од земјата

Сончево претпладне, попладне услови за невреме во делови од земјата

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде
во интервал од 25 до 31 степен.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Од утре до почетокот на следната седмица времето претпладне ќе биде сончево со променлива облачност. Поради големата енергија во атмосферата, во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотрајно невреме, особено во југоисточните делови од државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни