Сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен. УВ=7
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.