Сончево со мала до умерена локална облачност – наутро студено

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура  на повеќе места ќе биде под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 3,  а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје,сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Следува период на стабилно време, со појава на умерена облачност. Утре минималните температури на повеќе места ќе бидат негативни, а од петок ќе има пораст, особено на утринските температури, кои насекаде ќе бидат позитивни. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното