Македонија

Сончево со мала до умерена облачност – температурите до 20 степени

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

И во четврток ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни