Сончево со мала до умерена облачност поголема во источните делови.
Се вчитува...
Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен долж Повардарието.
Утринската температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а дневната од 17 до 24 степен.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе биде околу 14, а дневната ќе достигне 22 степени.
До понеделник следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури кои во сабота и недела понекаде ќе бидат на неколку степени над нулата. Дневните температури ќе бидат во пораст..
.
