Сончево со мала облачност на југоистокот, а со променлива умерена облачност во останатите делови и со услови за краткотраен дожд на југозападот.
Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: 7°C до 17°C, максимална температура: 25°C до 31°C.
Од денес до четврток ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо време со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Денес и утре ќе има повремен локален дожд. Од четврток утринските температури ќе бидат особено ниски, а од петок повторно ќе има пораст на дневните температури.