Македонија

Сончево со умерена локална облачност – температурата до 34 степени

Сончево со умерена локална облачност. Во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ=7

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен претежно северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 степен.

За време на викендот ќе преовладува умерено облачно и потопло време со услови за краткотраен дожд, претежно на истокот од земјава. Од понеделник ќе биде стабилно со слаб до умерен северен ветер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни