Македонија

Сончево време со мала до умерена локална облачност – температурите до 20 степени

Наутро во централните делови и вдолж Повардарието ќе биде умерено до значително облачно.

Во текот на претпладнето облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната од 12 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни