СОНК и МОН не постигнаа договор – Резултатите не се земаат предвид, само висината на платите

Учениците на 15-годишна возраст од Северна Македонија  заостануваат речиси четири години зад врсниците од земјите на Организацијата за економска соработка и развој и УНИЦЕФ според истражувањата на овие организации. Со просечен резултат од 384 бодови, резултатите  се пониски од соседните земји: Албанија (427 бодови) и Црна Гора (411 бодови), а незначително повисоки од Косово (378 бодови).  На прашањето до претседателот на СОНК Неделков врз основа на кои резултати бараат покачување на платите и како ги коментира  овие истражувања, ни одговори:

-Тие параметри ние не ги земаме како основа за пресметка на зголемување на плати во дејноста образование, секако ги земаме предвид параметрите колкави се платите во образованието во однос на соседните држави како и трендот на зголемување на минималната плата на национално ниво, при што останатите плати кои се над минималната, не се зголемуваат-вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Од УНИЦЕФ и Организациата за економска соработка и развој посочуваат неколку причини за негативните трендови во нашето образовние: критериумите за избор на кандидати за идни наставници кои имаат добри академски знаења и вештини за држење квалитетна настава се многу ниски и наставниците не добиваат доволно можности за континуиран професионален развој во споредба со колегите во регионот.

-Промена на наставните планови и зголемување на мотивираноста на просветните работници. Па, врз основа на тоа да се бараат и соодветни студенти кои ќе бидат со висок просек на студии. Но, со овие плати тешко можете да мотивирате средношколец да се запише на Педагошки факултет-додаде Неделков.

Претседателката на комора на психолози Мирјана Јовановска Стојановска не се согласува дека само платата може да создаде квалитетен кадар. Оној што одлучил да ја работи како просветен работник треба пред се да ја сака професијата- вели таа.

А, кога сме кај кадарот таа вели дека има навистина посветени наставници на воспитно-образовниот процес. Но, на социјалниот мрежи не ретко можете да погледнете недолични фотографи од просветни работнички кои им се достапни на учениците и образованието треба да биде изолирано од такви личности.

-И кога меѓу секое жито има некој кукољ или нешто што е таму, би требало да се истреби, да се исчисти. Јас ненза како остануваат тие понатаму да работат на тие работни места, најверојатно така и ги добиле-рече Стојановска.

За последните четири години платата во образование е зголемена за 10 % во основното и средното, а во високото за 5%.   Во текот на денот министерот за образование Арбр Адеми со претседателот на СОНК Јаким Неделков се сретнаа во пресрет на најавениот штрајк на 11 ноемви, во уште еден обид за договор за процентот на покачувањето на платите. Не е постигнат договор, но најавена е уште една средба до крајот на неделава.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното