Македонија

Сообраќајна несреќа кај Ржаничино: 17-годишник изгубил контрола над возилото – четири лица повредени

Сообраќајна несреќа кај Ржаничино: 17-годишник изгубил контрола над возилото – четири лица повредени

На 09.03.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на локалниот пат с.Ржаничино-с.Таор, скопско, патничко возило „алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишник од с.Орешани, скопско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со повреди се здобиле возачот, двајца сопатници и една сопатничка на возраст од 17-години и сопатникот Б.Г.(21), констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што може да руча студент со 140 денари? | „Ноќно студио“ со Бленди Ходаи

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни