Македонија

Сообраќајна несреќа меѓу комбе и автобус на патот Велес-Штип – едно лице загина, 18 повредени

На магистралниот патен правец Велес-Штип синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила. Патнички автобус пол со патници од Кратово и товарно комбе од Скопје. Во несреќата животот го загуби 30 годишниот возач на комбето, откако директно удрил во патничкиот автобус. 37 годишниот возач на автобусот се здобил со тешки телесни повреди, по што на него и на останатите 18 повредени патници им била укажана лекарсна помош и биле задржани во болница. Несреќата се случила нешто пред 20 часот пред клучката за Ново Село. Полицијата работи на утврдување на причините на сообраќајната несреќа, а Јавното обвинителство веќе извршило увид на лице место.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни