Сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје – неколку лица со тешки повреди итно хоспитализирани

На 28.08.2021 во 22.50 часот на автопатот Тетово-Скопје во близина на клучка Север во Тетово се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило „фиат пунто“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(31) од с.Шемшово,тетовско, во кое сопатник бил В.Н.(31) од  с.Шемшово и запрено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистарски ознаки паркирано од Ј.Б.(19) од с.Сарај,скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.С.  а со повреди се здобиле сопатникот В.Н. и возачот Ј.Б. кои им биле констатирани од доктор во клинички центар Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.