Македонија

Сообраќајна несреќа на патот Маврово – Галичник, сообраќајот во прекин

Сообраќајна несреќа на патот Маврово – Галичник, сообраќајот во прекин

Околу 12:10 часот денеска, на регионалниот пат Маврово – село Галичник, кај една од кривините, се случи сообраќајна несреќа поради која сообраќајот е целосно во прекин, информираат од надлежните служби.

Засега нема информации за повредени лица или за причините за несреќата. Надлежните екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Се апелира до возачите кои се движат во овој правец да бидат трпеливи и да користат алтернативни патни правци доколку е можно. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни