Македонија

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај Прилеп

Сопственик на штала физички нападнал пожарникари што гаселе пожар кај Прилеп

Непријатен инцидент се случил во текот на вчерашниот ден во близина на Прилеп, кога сопственик на штала физички ги нападнал и ги спречил пожарникарите да го изгаснат пожарот што го зафатил неговиот објект.

Според информациите, првите двајца пожарникари кои пристигнале на терен со помало противпожарно возило биле нападнати од сопственикот, кој нервозно се приближил, ги буткал во градите и физички ги отстранувал за да ги спречи да продолжат со гасењето. Во шталата се чувала поголема количина на тутун, која целосно изгорела.

Инцидентот е веќе пријавен во полицијата, која работи на целосно расветлување на случајот.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов упати апел до сите граѓани да имаат разбирање за работата на противпожарните екипи.

— Пожарникарите се храбри и пожртвувани, но тие не се супермени за да стигнат на секое место за една минута. Додека стигнат, запалат возила и стигнат до теренот, потребни се 10 или повеќе минути, особено кога истовремено има повеќе пожари на иста територија — изјави тој.

Иако го разбираат револтот на сопственикот кој претрпел голема материјална штета, од ДЗС истикнуваат дека таквото однесување не ја подобрува ситуацијата, туку само ја зголемува штетата. Наместо напади, закани и навреди, се повикуваат сите граѓани да им дадат поддршка и да им помогнат на пожарникарите на терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни