Сорос во Давос: Руската инвазија на Украина може да биде почеток на Третата светска војна, во која нашата цивилизација можеби нема да преживее

Американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос во говорот пред учесниците на Светскиот економски форум во Давос предупреди дека руската инвазија на Украина може да биде почеток на Третата светска војна, во која нашата цивилизација можеби нема да опстане, пренесоа светските агенции.

„Најдобар и единствен начин да ја зачуваме нашата цивилизација е да го победиме рускиот претседател Владимир Путин што е можно поскоро“, додаде Сорос.

Се вчитува...

Милијардерот додаде дека Путин, кој вели дека неговата специјална операција во Украина се одвива според планот и дека ќе ги постигне сите цели на Кремљ, сега верува дека инвазијата била грешка и се подготвува да преговара за прекин на огнот.

„Но, прекинот на огнот е недостижен бидејќи на Путин не може да му се верува. Колку е послаб Путин, толку станува понепредвидлив“, додаде Сорос.