Од Советот на Европа стигна потврда дека владата на Македонија го испратила Законот за употреба на јазиците од Венецијанската комисија. Владата очекува мислење по истите од аспект на нивната усогласеност со европските стандарди и со принципот на владеење на правото, но одговор ќе добијат откако Законот ќе биде разгледан. Сепак, повеќе детали од Советот на европа не се откриваат. Законот е испратен пред се за делот за двојазичните униформи и банкнотите.