Македонија

„Советот не расправа за СЈО и Јанева“, вели Штерјев – Заев тврди дека не знае за бришење податоци, но „бомбите“ се сигурни

Претседателот на Советот на обвинители Коле Штерјев за ТВ21 вели дека немаат планирано да расправаат околу состојбите во Специјалното јавно обвинителство ниту за Катица Јанева, бидејќи како што истакнаа немале никаква иницијатива. Оттаму потврдуваат и дека Јанева се уште не им ја доставила оставката која ја најави пред две недели.

И премиерот Зоран Заев рече дека случувањата на Специјалното јавно обвинителство се во рацете на обвинителите и дека тој воопшто не се меша. Во врска со најновите сомнежи кои произлегоа за наводна наредба од Катица Јанева за форензичко бришење податоци, тој вели дека не знае ништо, но порача дека прислушуваните материјали се на сигурно.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за случајот Рекет, велат дека обвинителката Рускоска сака да го ограничи само на осомничените кои се во притвор. Бараат проширување на истрагата и на невладината „Меѓународен сојуз“.

Побаравме информации од обвинителството до каде е истрагата со случајот Рекет, особено за вториот телефон на Јанева. Оттаму ни рекоа дека се уште трае истрагата и дека во тек е вештачењето на телефонот.

РЕПОРТЕРКА: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни