Свет

Спасена жена откако поминала 104 часа под урнатините: „Сега верувам во чуда“

Спасена жена откако поминала 104 часа под урнатините: „Сега верувам во чуда“

Жива жена беше спасена од урнатините во градот Кирихан 104 часа по земјотресот во Турција, со овации и солзи радосници од сите кои беа сведоци. Германските спасувачи внимателно ја извлекоа 40-годишната Зејнеп Кахраман на носилки од скршените блокови од бетон и искривен метал во градот Кирихан.

“Верувам во чуда сега. Можете да видите луѓе како плачат и се гушкаат еден со друг. Големо олеснување е што оваа жена беше извлечена во толку добра состојба во овие услови. Тоа е апсолутно чудо”, рече Стивен Баер, водач на Меѓународната потрага и спасувачкиот тим.

Досега е потврдено дека загинале 21.000 луѓе поради земјотресот што ги погоди југоисточна Турција и северозападна Сирија. Стотици илјади други останаа без покрив над главата и без храна во мрачните зимски услови, очајни барајќи помош за да им се олеснат маките.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни