Специјалниот британски претставник за Западен Балкан Стјуарт Пич во посета на Северна Македонија

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан Стјуарт Пич денеска пресотјува во посета на Република Северна Македонија.

Пич ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, а предвидени се средби и со претставници на Владата.

Стјуарт Пич попладне заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон ќе присуствуваат на примопредавањето на донацијата од Обединетото Кралство која вклучува 14 мобилни единици за обука за припадниците на Армијата во урбана средина.